ГРЕТА ТУНБЕРГ ПАК ВО ЛИСИЦИ Порака за Палестина го крена алармот во Лондон

Британската полиција ја упаси Тунберг која протестираше заедно со групата „Затвореници за Палестина“.

142

„Ја поддржувам акцијата ‘Затвореници на Палестина’. Се спротивставувам на геноцидот“.

Вака се вели на знакот што го држела познатата шведска активиска Грета Тунберг среде Лондон.






Британската полиција ја упаси Тунберг која протестираше заедно со групата „Затвореници за Палестина“.

Според изјавата на полицијата, акцијата се одвивала пред канцелариите на „Аспен иншуренс“, компанија што обезбедува услуги за „Елбит системс“, израелска фирма за воена технологија.

Пред пристигнувањето на службите на редот, двајца демонстранти ја испрскале фасадата со црвена боја, по што била извршена интервенција и неколку апсења.

Лондонската полиција потврдила дека 22-годишна жена била приведена поради истакнување транспарент со порака во поддршка на забранета организација.

Тунберг веќе неколку години се соочува со полициски интервенции на различни протести.

Првпат била задржана во јануари 2023 година во Германија, кога полицијата ја однела од селото Лутцерат, каде демонстранти се спротивставувале на проширување на рудникот за јаглен. Набргу потоа, во октомври 2023 во Лондон, повторно ја привеле за време на протест против нафтената индустрија, но судот ја ослободил, утврдувајќи дека полицијата немала правна основа за апсењето.

Следната година, во април 2024 во Хаг, Тунберг била двапати задржана на иста демонстрација против субвенциите за фосилни горива, а во 2025 накратко била задржана и депортирана од Израел, по интервенција на израелските сили врз хуманитарна флота кон Газа.

 

Поврзани содржини