ГРЕТА ТУНБЕРГ ПАК ГИ ИСМЕА СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ „Бла, бла, бла“ се вашите ветувања (ВИДЕО)
„Бла, бла, бла“, велеше Грета, по секое исчитување на дел од ветувањата од светските лидери на парче хартија кое таа го држеше во раката.
Шведската климатска активистка, Грета Тунберг, го искористи својот говор на конференцијата Youth4Climate во Милано за да ги исмева зборовите на светските лидери, вклучувајќи го и премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, пишува Би-Би-Си.
Погледнете го видеото од говорот со многу „Бла, бла, бла“:
Грета која е едвај полнолетна и има 18 години, ги користеше типичните зборови на Џонсон, како што се „скапо гушкање на зајачиња“ и „да изградиме подобро и одново“, за да ги истакне, како што рече, „празните зборови и ветувања“ на политичарите.
„Бла, бла, бла“, велеше Грета, по секое исчитување на дел од ветувањата од светските лидери на парче хартија кое таа го држеше во раката.
– Зелена економија, бла, бла, бла, Нула загадување до 2050 година, бла, бла, бла, климатска неутралност, бла, бла, бла … – самоуверено зборуваше Грета.
Подоцна во нејзиниот говор, Грета сепак ги повика луѓето да не губат надеж, велејќи дека промената е „не само можна, туку итно неопходна“.