Грета Тунберг мисли дека има коронавирус: Се тресев, имав болки во грлото и кашлица

Таа на Инстаграм напиша дека изминативе две недели била во изолација.

741

Грета Туберг мисли дека е „многу веројатно“ да има коронавирус.

Таа на Инстаграм напиша дека изминативе две недели била во изолација.






„Пред околу десетина дена, почнав да чувствувам некои симптоми, точно во исто време со татко ми, кој патуваше со мене од Брисел“, пишува таа.

„Се чувствував уморна, се тресев, имав болки во грлото и кашлица. Татко ми ги имаше истите симптоми, но беа поинтензивни и тој имаше треска“, продолжи таа.

Таа вели дека сега малку закрепнала, но бара од луѓето да размислуваат за своите постапки и да бидат одговорни.

Поврзани содржини