📽️ ГРЕТА ТУНБЕРГ ЈА ПОЗЕЛЕНИ ВЕНЕЦИЈА СО БОЈА „Еколошко будење“ за крај на светскиот климатски самит
Гувернерот на регионот Венето Лука Заја ја осуди акцијата како „навреда за градот и неговата историја“. Тој нагласи дека, иако бојата не била штетна, самата постапка ја загрозува симболиката и кревкоста на Венеција.
Познатата шведска активистка Грета Тунберг излеа зелена боја во каналите на Венеција, симболично повикувајќи на „еколошко будење“ токму кога завршуваше климатскиот самит COP30 во Бразил. Италијанските власти веднаш реагираа. Тунберг доби парична казна од 150 евра и дводневна забрана за влез во градот.
И други 35 активисти од движењето „Extinction Rebellion“ добија идентична санкција. Акцијата на групата, која ја боеше Венеција во зелено со еколошки безопасна течност, требаше да укаже на опасноста од „екоцид“ и да ги потсети лидерите дека климатската криза не завршува со конференциски аплаузи.
Гувернерот на регионот Венето Лука Заја ја осуди акцијата како „навреда за градот и неговата историја“. Тој нагласи дека, иако бојата не била штетна, самата постапка ја загрозува симболиката и кревкоста на Венеција.
Greta Thunberg has been banned from entering Venice — the activist poured green dye into the Grand Canal
Greta timed her stunt to coincide with the end of the climate conference in Brazil.
Ms. Thunberg received only a symbolic fine of €150 and an equally symbolic entry ban to… pic.twitter.com/bLvVM2cce7
— NEXTA (@nexta_tv) November 24, 2025
Од друга страна, активистите соопштија дека идентични перформанси спровеле во десет италијански градови, од Џенова до Торино и Болоња, во знак на протест против „масовните последици на климатскиот колапс“.
Понатаму, движењето го критикуваше официјалниот италијански став на COP30, обвинувајќи ја владата на Џорџа Мелони дека „блокирала најамбициозни предлози“ за намалување на употребата на фосилни горива. Самитот во Белем, Бразил, заврши со компромисен текст што активистите го оценија како „празен и неамбициозен“.
Сепак, зад акцијата стои подлабока намера – да се привлече вниманието на светот кон фактот дека „еколошкиот колапс не може да се преговора“, како што напиша 22-годишната Тунберг во својата објава на Икс.
Активитската неодамна беше приведена во Израел па депортирана заедно со бројни активистки откако беше дел од флота бродови кои носеа хуманитарна помош за Газа.