ГРЕНЛАНД И УКРАИНА НЕ СЕ ЗАМЕНЛИВИ, ТУКА ВОДИМЕ ВОЈНА! Зеленски ќе оди во Давос само ако добие безбедносни гаранции од САД

Имаме тотална војна во Украина, имаме специфичен агресор и имаме специфични жртви, изјави украинскиот лидер велејќи дека, Гренланд и војната во Украина не треба да се гледаат како заменливи.

58

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е загрижен дека обидот на американскиот претседател Доналд Трамп да го стекне Гренланд може да го одвлече вниманието од руската инвазија на Украина, објави АФП.

– Имаме тотална војна во Украина, имаме специфичен агресор и имаме специфични жртви – изјави Зеленски велејќи дека, Гренланд и војната во Украина не треба да се гледаат како заменливи.






Украинскиот лидер исто така го повика Вашингтон да се вклучи во дијалог со Европа.

Зеленски исто така го услови своето учество на Светскиот економски форум во Давос со безбедносни гаранции потпишани од САД.

– Секако, во овој случај ја избрав Украина, а не економскиот форум, но сè може да се промени во секој момент. Бидејќи е многу важно за Украинците да ја завршат оваа војна – им рече украинскиот претседател на новинарите.

Би-Би-Си пишува дека Зеленски, засега останува во Киев поради руските напади врз неговата земја во текот на ноќта.

Украина, која во моментов се бори со бран руски напади врз нејзината енергетска инфраструктура, се обидува да избегне спор што би можел да го поткопа единството меѓу нејзините западни сојузници.

 

Поврзани содржини