Гренел: Дијалогот во Вашингтон ќе отвори нова ера за Србија и Косово

Народите од овој регион не заслужуваат помалку од тоа - изјави Ричард Гренел

294

Средбата во Белата куќа дава можност и ја отвора вратата за економски развој и инвестиции, изјави Ричард Гренел, специјален претставник на американскиот претседател за мировните преговори меѓу Косово-Србија, осврнувајќи се на состанокот помеѓу делегациите на Белград и Приштина на 27 јуни во Вашингтон.

– Соединетите американски држави се надеваат дека лидерите на Косово и Србија ќе ја искористат оваа можност да се вратат на дијалогот и да започнат нова ера на стабилност и просперитет. Народите од овој регион не заслужуваат помалку од тоа – изјави Ричард Гренел за српските медиуми.






Денеска делегацијата на ЕУ во Србија најави дека специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, ќе го посети Белград на 22 и 23 јуни.

-За време на посетата, Лајчак ќе се сретне со клучните српски претставници со кои ќе размени мислења за конкретни следни чекори и модалитети за брзо продолжување на дијалогот со помош на ЕУ, се наведува во соопштението.

Мирослав Лајчак изјави во Приштина дека се создадени услови за продолжување на дијалогот.

Поврзани содржини