ГРДНИ ПАРИ ЗА ХОНОРАРИ ИСТЕКУВАЛЕ ОД МИНИСТЕРСТВОТО НА ГРУБИ? Истражување на БИРН отвора сомнежи за масовна злоупотреба

Министерството за политички систем, кое има 354 вработини, само за една година исплатило повеќе од 160.000 евра за хонорари, но не сака да даде информации за која намена, ниту на новинарите ниту на државната Агенција за слободен пристап до информации од јавен карактер.

4,939

Министерството за политички систем, со кое раководи вицепремиерот Артан Груби, само за една година исплатило околу 160 илјади евра за хонорарни услуги, но не сака да одговори за што точно се исплатени овие пари и каква потреба од дополнителни вработени по договор имало ова министерство кое веќе има 354 вработени лица, се вели во истражување на БИРН што го објави порталот Призма.

Покрај 354 вработени, Министерството плаќало дополнителна работна сила. Имено, само во текот на 2022, во четириесетина наврати, преку две авторски агенции „Артпицк“ и „Лиценца МК 2000“ се исплаќани различни износи: Oд 22 илјади денари до над 300 илјади денари месечно за „други договорни услуги“, што е шифра под која најчесто се водат хонорарните ангажмани.






БИРН пресметал дека само по оваа основа Министерството лани исплатило околу 160 илјади евра. Oсвен тоа, Министерството исплаќало и консултантски услуги преку агенцијата „Д-М консалтинг Груп“, на која ѝ се исплатени вкупно 7.600 евра за една година.

Министерството одбило да даде отчет за намената на овие пари, ниту пак ги објавило на својот сајт, на што е обврзано, ниту пак на сајтот е објавен извештајот за јавни набавки, пишува БИРН.

На барање на новинарите, кои се повикале на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, од Министерството добиле фактури без наведена намена, кои содржеле само општ опис „договорци“.

Новинарите поднеле жалба до Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, но и таа наишла на затворена врата.

„Имателот на информацијата не одговори на дописот на Агенцијата“ – одговориле од Агенцијата. По ова Агенцијата исплатила Решение до Министерството во кое му налага, повикувајќи се на законот, да одговори во рок од 15 дена, но Министерството и тоа решение го игнорирало.

Поврзани содржини