ГРЦИТЕ СЕ ЗА НАС МАЛИ ДЕЦА Македонците јадат најмногу благо во регионот

Македонците годишно консумираат по 36,7 килограми шеќер, Хрватите се втори со 33,8, пред Грците со 31,6, Бугарите, 27,5, Србите 22,4 и Црногорците со 21,2 килограми. Најмали љубители на слатко се Словенците со 19,4 и жителите на Босна и Херцеговина со 18,3 килограми.

279

Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот, а се позиционирани високо и на европската листа, покажува анализата за потрошувачката на шеќер по земји во Европа што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

Македонците годишно консумираат по 36,7 килограми шеќер, Хрватите се втори со 33,8, пред Грците со 31,6, Бугарите, 27,5, Србите 22,4 и Црногорците со 21,2 килограми. Најмали љубители на слатко се Словенците со 19,4 и жителите на Босна и Херцеговина со 18,3 килограми.






Во Европа најмногу шеќер јадат Белгијците 48,3 и Полјаците 45,7 килограми. Најмалку слатко, пак, се консумира во Луксембург, само 10,8 килограми.

Податоците на „Landgeist“ не вклучуваат само суров шеќер, туку и количините во производите што содржат шеќер.

Поврзани содржини