ГРЦИТЕ МОЖАТ НА КАФЕ, АМА БЕЗ МУЗИКА Уште цела седмица ќе траат строгите мерки

Мерките за првпат стапија на сила ден пред Нова година. Првично, планирано беше тие да бидат во сила до 16 јануари, минатата седмица беа продолжени до 23 јануари, а сега се продолжуваат за уште една седмица.

512

Угостителските објекти во Грција уште една седмица ќе работат без музика, со ограничено работно време до полноќ и само со седнати гости, спортските натпревари и понатаму ќе бидат со публика до десет отсто од капацитетот или најмногу 1.000 лица, а 50 отсто од вработените во јавниот и приватниот сектор ќе продолжат да работат од дома, поради коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Веста утринава ја потврди и грчкиот министер за здравство, Танос Плеврис, говорејќи за телевизијата „ЕРТ“. Мерките за првпат стапија на сила ден пред Нова година.






Првично, планирано беше мерките да бидат во сила до 16 јануари, минатата седмица беа продолжени до 23 јануари, а сега се продолжуваат за уште една седмица.

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 20.107 случаи на ковид-19, од 361.642 тестови, починаа 88 лица, а 683 пациенти (десет повеќе од вчера) се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците.

Поврзани содржини