Грција забрани влез преку „Евзони“ од 22 до 6 часот наутро

Оттаму велат дека мерката ќе важи во горенаведениот термин до 15.08.2020 (сабота).

793

Министерството за внатрешни работи известува дека граничниот премин „Евзони“ од денеска нема да може да се мине од 22.00 до 06.00 часот по македонско време.

– Од страна на грчката гранична служба од граничниот премини „Евзони“, информирани сме дека  за влез во Република Грција почнувајќи од денеска 07.08 (петок) во периодот од 22.00 до 06.00 часот (по македонско време) воопшто нема да се пропуштаат патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила, додека за излез од Република Грција, сообраќајот ќе се одвива нормално и ќе се пропуштат сите патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила – стои во соопштението од МВР.






Оттаму велат дека мерката ќе важи во горенаведениот термин до 15.08.2020 (сабота).

Поврзани содржини