Отворањето на хотелите би требало да биде третата фаза од намалувањето на безбедносните мерки за заштита од коронавирусот во Грција.
Сопствениците на хотелите се подготвуваат за дочек на туристи, преземајќи ги сите потребни мерки против коронавирусот.
Посебни заштитници од плексиглас, крпи за еднократна употреба и средства за дезинфекција се само некои од мерките кои ги презеле сопствениците на големите луксузни хотели.
До идејата за лежалки со заштита прв дошол хотелиерот и сопственик на луксузниот хотел „Suites of Gods“ на Санторини. Тој на плажата Периса поставил лежалки со заштита од плексиглас, што се смета за идеална заштита особено за семејствата со деца.
Со оваа конструкција, гостите од хотелот не мора да се грижат поради можниот пренос на коронавирус.
– Персоналот на хотелите ќе биде опремен со маски и ракавици. Забележавме слични инсталации во светот, па дојдовме до идеја тоа да го направиме и на Санторини за нашите клиенти да се чувствуваат побезбедно – рекол Чаxин во интервјуто за „Прото тема“.
Тој истакнал дека лежалките ќе бидат поставени на растојание од 4 метри, а плексигласот треба да ги покрие само левата и десната страна.
#Santorini #hotel owner installs special #plexiglass protectors around sun beds https://t.co/Cptz22pNgu pic.twitter.com/oiYsFUsirZ
— Proto Thema English (@eprotothema) May 4, 2020