Грција се подготвува за екстремно високи температури

Од вторник се очекува температурата да биде над 30 степени во текот на ноќта, што е особено тешка состојба за човечкото тело со оглед на тоа што не може да се опорави од топлината.

560

Температурата во Грција деновиве ќе се искачи до 44 степени Целзиусови, а грчката метеоролошка служба и Националната цивина заштита веќе издадоа предупредување за топлотниот бран кој се очекува да трае до 8 август.

Од вторник се очекува температурата да биде над 30 степени во текот на ноќта, што е особено тешка состојба за човечкото тело со оглед на тоа што не може да се опорави од топлината.






Грците стравуваат и од пожарите може да започнат рапидно да се шират низ целата земја, поради предвидените силни ветрови.

Грција и во минатото се соочуваше со екстремни топлотни удари, но временските услови се очекува да ги надминат претходните нивоа во наредните денови.

Во 1987 година, 4.000 луѓе починаа од сличен топлотен удар, кога системите за климатизација сè уште не беа вообичаени. Посебно погодени беа постарите луѓе во градовите.

Големи делови на полуостровот Пелопонез беа изгорени во 2007 година за време на уште еден топлотен удар и силни ветрови. Десетици луѓе загинаа.

Поврзани содржини