Грција се најде на црвената листа во Германија

786

Германија ја обележа цела Грција како област ризична од коронавирус, објави институтот Роберт Кох.

Сите туристи од Грција, како и германските државјани кои се враќаат од таа земја, ќе треба да презентираат негативен тест доколку не сакаат да бидат ставени во карантин.






Холандија е исто така на црвената листа.

Грција во понеделникот воведе обврска да ги вакцинира здравствените работници и негувателките во домовите откако, во средината на туристичката сезона, се зголеми бројот на новоинфицирани лица.

Само во четвртокот, Грција објави 2.794 лица заразени со ковид-19, според Ројтерс, а од почетокот на епидемијата во таа земја, повеќе од 450 илјади луѓе се разболеле, додека речиси тринаесет илјади починале.

Поврзани содржини