ГРЦИЈА ПОДИГНА ЅИД ДОЛГ 40 КИЛОМЕТРИ На границата со Турција ќе се брани од Авганистанци
Границите на Грција ќе останат неповредливи, изјави министерот Крисохоидис, откако претходно Турција ги повика земјите од ЕУ да преземат одговорност за бегалците.
Грција подигна ѕид долг 40 километри со ограда и надзор на границата со Турција, поради можноста за пристигнување бегалци од Авганистан.
Границите на Грција ќе останат неповредливи, изјави министерот Крисохоидис, откако претходно Турција ги повика земјите од ЕУ да преземат одговорност за бегалците.
Шефот за надворешна политика на Унијата Борел изјави дека европскиот блок има „морална должност“ да спаси што е можно повеќе Авганистанци, кои претходно работеле во канцелариите на ЕУ. Според извештаите на НАТО, повеќе од 18 илјади лица одлетале откако милитантите го заземаа главниот град Кабул на 15 август.