📽️ ГРЦИЈА ПОД СНЕЖЕН УДАР Надојдените реки заглавија автомобили и затворија училишта

Во скијачкиот центар Лаилија, во близина на Серес, околу 15 автомобили останале заглавени со часови, откако возачите не поставиле синџири за снег на своите возила. јпогодени региони се источниот Егеј, Крит и Тракија, каде се очекуваат силни бури.

147

Силна зимска бура ја погоди Грција и предизвика сериозни нарушувања во секојдневието, со затворени училишта, блокирани патишта и опасност од поплави во повеќе региони.

Во југоисточниот дел од земјата, во Тракија, локалните власти одлучија наставата да се одвива онлајн, додека дел од училиштата останаа целосно затворени. Причина беа обилните снежни врнежи, мразот и силните ветрови кои ја зафатија областа.






Официјални лица соопштија дека мерката е превентивна и има цел да ја заштити безбедноста на учениците и наставниот кадар. Грчките медиуми јавија дека временските услови нагло се влошиле, со пад на температурите и засилување на северните ветрови.

 

 

Проблеми беа регистрирани и во северниот дел од земјата. Во скијачкиот центар Лаилија, во близина на Серес, околу 15 автомобили останале заглавени со часови, откако возачите не поставиле синџири за снег на своите возила.

Истовремено, обилните дождови предизвикаа нагло зголемување на водостоите. Надојдена река сериозно им се закани на повеќе населени места на островот Санторини, што ги стави локалните служби во состојба на зголемена готовност.

Метеоролозите предупредија дека невремето ќе продолжи и во текот на денот. Најпогодени региони се источниот Егеј, Крит и Тракија, каде се очекуваат силни бури, обилни дождови и локално интензивни снежни врнежи, проследени со дополнителен пад на температурите.

Поврзани содржини