ГРЦИЈА КАКО САХАРА! Бран пустинска прашина го прекри јужниот дел на Пелопонез

Поради големата концентрација на африканска прашина, небото ја промени бојата во жолто-портокалова, а локалните медиуми од Каламата коментираат дека градот денеска повеќе наликува на Каиро или Дубаи.

337

Бран прашина од Сахара денеска ја зафати Грција, а појавата беше најизразена на полуостровот Пелопонез, особено во јужниот дел и градот Каламата, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради големата концентрација на африканска прашина, небото ја промени бојата во жолто-портокалова, а локалните медиуми од Каламата коментираат дека градот денеска повеќе наликува на Каиро или Дубаи.






Сахарската прашина денеска ја зафати и Атина, но со помал интензитет во споредба со јужните делови на Грција.

 

Поврзани содржини