ГРЦИЈА ИМА ГОРИВА ЗА ДВА МЕСЕЦА Рафинериите се загрижени за новите набавки, ако кризата на Блискиот Исток потрае
Повеќе од 50% од производството на грчките рафинерии се извезува, додека безбедносните резерви ги надминуваат задолжителните количини за покривање на побарувачката за 90 дена.
Грција има резерви за гориво за 2 месеца, а загриженоста расте бидејќи се доведува во прашање можноста да се одржуваат соодветни резерви, ако кризата во Персискиот Залив продолжи.
– Целосно сме обезбедени два месеци. Доколку пловидбата во Ормускиот теснец не се обнови, ситуацијата ќе стане потешка во наредниот период – изјави за Катимерини висок раководител во секторот за рафинирање.
Грција има четири рафинерии, атинските Аспропиргос и Елефсина, солуснката Хеленик Енерџи и Агиои Теодорои на Мотор Оил на Крит, со вкупно производство на основни нафтени производи (бензин, дизел, греење, авијациски и поморски горива) што ја надминува домашната побарувачка.
Повеќе од 50% од производството се извезува, додека безбедносните резерви ги надминуваат задолжителните количини за покривање на побарувачката за 90 дена.
Грчките рафинерии мораа да ги заменат резервите од Заливот со товари од алтернативни извори што обезбедуваат производство со полн капацитет до почетокот на јуни.
Сепак, се очекува продолжената криза на Блискиот Исток да ја влоши веќе ограничената понуда на нафта на меѓународно ниво.