ГРЦИЈА „ГОРИ“, ИЗМЕРЕНИ 45 СТЕПЕНИ ЦЕЛЗИУСОВИ Температурата надмина 40 степени на над 100 мерни станици
Највисоки температури во текот на денешниот ден биле регистрирани во централна Грција и во областа Тесалија, каде на повеќе места беа надминати 43 степени.
Во централна Грција денеска е измерена температура од 44,9 степени Целзиусови.
Според податоците на Националната опсерваторија во Атина, 102 од 550 метеоролошки станици измериле температури над 40 степени.
Највисоки температури во текот на денешниот ден биле регистрирани во централна Грција и во областа Тесалија, каде на повеќе места беа надминати 43 степени.
Според мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната опсерваторија во Атина, температурата надминала 37 степени во 311 од 550 активни станици, 40 степени во 102 станици и 42 степени во 34 станици.
Просечната максимална температура денеска е 37,1 степен и е за 1,5 степен повисока од вчера.
Топлотниот бран што ја зафати Грција се очекува да трае до недела, а четврток и петок ќе бидат најтоплите денови.