ГРЦИЈА ГИ ЗАОСТРУВА МЕРКИТЕ Задолжителни вакцини за сите над 60 години, кој одбива казна од 100 евра месечно!
Нашите напори ги насочуваме да ги заштитиме нашите сограѓани и затоа нивната вакцинација отсега ќе биде задолжителна, рече грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на владината седница.
Грција во вторник објави дека ќе воведе задолжителна вакцинација против ковид-19 за лицата постари од 60 години, што е драстичен чекор во борбата на земјата против зголемениот број заразени лица.
Надлежните најавија дека ќе наплаќаат глоба од 100 евра за секој поединец на возраст од 60 и повеќе години кој не е вакциниран, на месечно ниво. Мерката ќе стапи на сила на 16 јануари.
Околу 63 отсто од околу 11 милиони жители се целосно вакцинирани, а во последните недели кампањата за вакцинација е забрзана.
– Нашите напори ги насочуваме да ги заштитиме нашите сограѓани и затоа нивната вакцинација отсега ќе биде задолжителна – рече грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на владината седница.
– Грците над 60 години кои не биле вакцинирани мора да закажат термин за првата доза до 16 јануари, во спротивно ќе се соочат со парична казна од 100 евра месечно – додаде Мицотакис.
Грција забележа зголемување на бројот на новозаболени во октомври. Од почетокот на пандемијата се регистрирани 931.183 заразени и 18.067 починати.
Во ноември властите им забранија на невакцинираните да останат во затворени простории, вклучително ресторани, кина, музеи, театри, без разлика дали имаат негативен тест за ковид.