ГРЦИЈА ЌЕ ИМ ЈА ПРУЖИ НАЈДОБРАТА МОЖНА ПОМОШ НА ПОВРЕДЕНИТЕ Какламанис му изрази сочувство на Гаши

Стоиме покрај вас и лично ве уверувам дека ќе им пружиме најдобра можна помош на повредените кои се лекуваат во Грција, пишува претседателот на грчкиот Парламент, Никитас Какламанис, во писмото испратено до претседателот на Собранието, Африм Гаши.

807

Лично ве уверувам дека на повредените, кои се лекуваат во Грција, ќе им пружиме најдобра можна помош, пишува претседателот на грчкиот Парламент, Никитас Какламанис, во писмото испратено до претседателот на Собранието, Африм Гаши, во кое изразува искрена тага, сочувство и поддршка до народот на нашата земја за трагедијата во Кочани, јави дописничката на МИА од Атина.

Какламанис пишува дека со сочувство ги следи трагедијата и тешките времиња низ кои поминува земјата и во име на членовите на грчкиот Парламент и од него лично изразува сочувство и искрена тага за пожарот.






„Ја споделуваме огромната тага на семејствата на жртвите и се солидаризираме со погодените од оваа огромна катастрофа. Го пренесуваме нашето најискрено сочувство, како и нашите желби за брзо закрепнување и заздравување. Стоиме покрај вас и лично ве уверувам дека ќе им пружиме најдобра можна помош на повредените кои се лекуваат во Грција“, пишува Какламанис во писмото до Гаши.

Во 2 болници во Солун, како што претходно објави МИА, хоспитализирани се вкупно 5 поврдени со изгореници.

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ПРЕНЕСЕНИ ВО СОЛУНСКАТА БОЛНИЦА СЕ ОПЕРИРАНИ Во грчките болници се сместени вкупно 5 тешко повредени во Кочани

Поврзани содржини