Грција ќе го доживее пикот во август – се очекуваат по 3.400 заразени дневно
Единствен лек, според научниците од Универзитетот Аристотел во Солун, е забрзаната имунизација, која ќе треба да ги намали бројките на новозаболени, а тоа ќе биде предизвик ако се земе фактот дека минатата недела процентот на заразеност доживеа скок за 12 отсто споредено со претходниот период.
Помеѓу 10 и 12 август ќе бидат најзастрашувачките бројки во Грција, од околу 3.400 нови болни дневно, а како понатаму ќе се развива пандемијата со ковид-19 ќе зависи од вакцинирањето, пренесува Н1, повикувајќи се на медиумите во Грција.
И до 10.000 новозаболени во текот на есента предвидува моделот кој го развил тим на чело со професорот Димостенис Саријанис од Солун, а 2.070 нови случаи и 5 смртни случаи биле регистрирани во последните 24 часа.
Единствен лек, според научниците од Универзитетот Аристотел во Солун, е забрзаната имунизација, која треба да ги намали бројките на новозаболени, а тоа ќе биде предизвик ако се земе предвид фактот дека минатата недела процентот на заразеност доживеа скок за 12 отсто споредено со претходниот период.
– Ако успеевме да ја зголемиме стапката на имунизација, тогаш може да очекуваме стабилизација, што ќе биде придружено со пад на бројот на новоинфицирани – рече професорот Саријанис во интервју за грчката телевизија Скај ТВ.
Грција наесен ќе ги вакцинира сите здравствени работници и сите постари лица со задолжителна вакцина, за да го забрза овој процес и да стигне до посакуваните 70 отсто вакцинирани граѓани. Земјата неодамна воведе казна од 300 евра за влегување во затворен простор без ковид-пасош, односно 3.000 евра ако некој се обиде да го фалсификува овој документ.
Зголемените бројки во Грција се должат на зачестеното тестирање на граѓани, кое сега се прави, на пример, пред граѓаните или туристите да се качат на авион или на траект, па така во минатите 24 часа биле направени скоро 45.000 тестови.