ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ПАК НА ГРАНИЦА Евзони и Ники затворени за сообраќај, трактори го блокираат патот

Блокади се на сила и на другите гранични премини кон Бугарија, Промахонас и Ексохи, но само за камиони. Истовремено, земјоделците продолжуваат со блокади и на автопатите низ цела Грција, со главен блок во централна Грција, кај Никеа, близу Лариса, каде што сообраќајот се пренасочува по споредни патишта.

60

Попладнево, грчките земјоделци повторно ги блокираа граничните премини Евзони и Ники, кои водат кон Македонија. На Евзони, каде што веќе 18 дена се паркирани околу 300 трактори, сообраќајот ќе биде прекинат од 18 до 22 часот по локално време. На Ники, пак, товарните возила нема да можат да поминат од 19 до 23 часот.

Блокади се на сила и на другите гранични премини кон Бугарија, Промахонас и Ексохи, но само за камиони. Истовремено, земјоделците продолжуваат со блокади и на автопатите низ цела Грција, со главен блок во централна Грција, кај Никеа, близу Лариса, каде што сообраќајот се пренасочува по споредни патишта.






Денеска во 14 часот во Серес е закажан нов состанок на земјоделците од цела Грција, на кој треба да се одлучи дали ќе продолжат со блокадите или ќе прифатат дијалог со Владата.

Земјоделците бараат итна исплата на сите долгови што им ги должи државата, гарантирани минимални цени кои ќе ги покриваат трошоците за производство, намалување на трошоците за производство, надомест на изгубениот приход за 2025 година, запирање на масовните увози и скандалот со европските земјоделски субвенции да биде решен со враќање на украдените средства на вистинските корисници.

Министерот за земјоделство на Грција, Костас Циарас, ја остави отворена можноста за дијалог и нови мерки за поддршка, но засега земјоделците се решени да продолжат со притисокот на улица.

Поврзани содржини