Грчките гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени до 15 август
Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција до наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин „Евзони“.
Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени за сообраќај, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
– До граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“, од страна на грчката гранична служба од граничните премини „Дојрани“ и „Ники“, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за ковид-19, доставено е известување дека грчките гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15 август„, соопшти МВР.
Од МВР додаваат дека сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција до наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин „Евзони“.