ГРЧКИОТ ТУРИЗАМ СЕ ВРАТИ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД 2019 ГОДИНА Годинава се очекува приход 39 милијарди евра и 17.000 вработувања

Доколку продолжи овој тренд  туризмот на земјата до 2033 година треба да го зголеми учеството во БДП на 57 милијарди евра, што е речиси четвртина, а во секторот се очекува да работат повеќе од милион луѓе низ Грција.

540

Туристичкиот сектор во Грција годинава се приближува до нивото пред пандемијата. Се очекува негово целосно закрепнување до крајот на следната година, оценува Светскиот совет за патаувања.

Во буџетот на земјата од туризам се очекува годинава да се слеат 39,2 милијарди евра, а ќе се отворат 17.000 работни места, што е повеќе од 2019 година. Туристичкиот сектор обнови 82 отсто од работните места што беа изгубени за време на пандемијата. Доколку продолжи овој тренд  туризмот на земјата до 2033 година треба да го зголеми учеството во БДП на 57 милијарди евра, што е речиси четвртина, а во секторот се очекува да работат повеќе од милион луѓе низ Грција.






Главни пазари за Грците се Велика Британија, Германија и Бугарија. Овие три земји сочинуваат 14 отсто од меѓународните посетители на Грција.

Иако цените се повисоки од лани грција и натаму е меѓу најпопуларните европски туристички дестинации. Цените за сместување во хотели во просек се 53 евра, хотелите со три ѕвезди чинат 74, а хотелите со пет ѕвезди чинат и до 300 евра од ноќ. Статистиката покажува дека автобускиот превоз чини 1,20 евра, изнајмувањето автомобил чини 123 евра дневно за стандардни автомобили и повеќе од 200 евра за луксузни автомобили. Возењето со такси е едно евро по километар, а за еден час чекање наплаќаат 12 евра. Просечен ручек во ресторан чини околу педесет евра за двајца, а оброците во поевтините ресторани се од шест до 20 евра.

Извештајот на Светскиот совет за патувања покажува дека во 2022 година е зголемена и потрошувачката на странски гости, што придонело за националниот буџет со 19,1 милијарди евра, што е годишен раст од над 56 отсто.

Поврзани содржини