ГРЧКИОТ СУД ПРИЈАТНО ГИ ИЗНЕНАДИ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЛЕРИНСКО Отфрлена тужбата против Центарот за македонски јазик

Според Стилијанос Самарцис, кој ја сподели веста на социјалните мрежи, „тоа беше пријатно изненадување од грчкиот правен систем“.

5,516

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и официјално потврди дека локалниот грчки суд во Леринско ја отфрлил тужбата против Центарот за македонски јазик.

Според Стилијанос Самарцис, кој ја сподели веста на социјалните мрежи, „тоа беше пријатно изненадување од грчкиот правен систем“.






Тој изјави: „Во иднина чекаме да се отворат приватни македонски училишта и македонскиот јазик да биде дел од образовниот систем во Егејска Македонија за новите генерации да го учат македонскиот јазик. Му благодариме на грчкиот судски систем за оваа праведна одлука“.

ОМД претпазливо ја поздравува оваа судска одлука. Борбата за нашата еднаквост и човекови права во таканаречените демократии како Грција е далеку од завршена. Мора да продолжиме да го едуцираме светот за ефектите и влијанието врз Македонците како резултат на поделбата на географска Македонија во 1913 година од страна на западните сили.

Поврзани содржини