ГРЧКИОТ ПРИНЦ И ПРИНЦЕЗА СЕ РАЗВЕДУВААТ ПО 14 ГОДИНИ БРАК Таа е вистинска убавица, а татко ѝ влече корени од Југославија

Веста за разводот ја објавија на официјалната веб-страница на поранешното кралско семејство (во Грција монархијата е укината во 1973 година, но членовите на семејството ги задржаа титулите).

288

Принцот Николаос Глуксбург, кој порано го носеше прекарот Плејбој принц, и принцезата Татјана се разведуваат по 14 години брак.

Веста за разводот ја објавија на официјалната веб-страница на поранешното кралско семејство (во Грција монархијата е укината во 1973 година, но членовите на семејството ги задржаа титулите).

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tatiana Blatnik (@tatianablatnik)


„Би сакале да ве информираме за важната одлука што ја донесоа принцот Николаос и принцезата Татјана. По 14 години брак, тие одлучија да ја раскинат својата заедница со заедничка согласност. Оваа одлука е донесена многу промислено и со заемно почитување. Нивните идни интеракции и понатаму ќе бидат водени со истите начела на почитување и разбирање, додека ќе преминуваат во однос вкоренет во силно пријателство. Тие се засекогаш благодарни еден на друг за моментите што ги споделија. Ќе продолжат да ги живеат и градат своите животи во Грција, местото кое и двајцата го нарекуваат дом. Семејството секогаш ќе ги поддржува“, стои во објавата.

Принцот Николаос е трето дете на последниот грчки крал Константин II, кој бил близок пријател на кралот Чарлс. Последниот грчки монарх почина во јануари 2023 година на 82-годишна возраст, откако претрпе мозочен удар. Татјана Блатник, родена во Венецуела, се омажи за Николаос во 2010 година.

„Не се чувствувам како принцеза. Не се чувствувам како да сум се омажила за принц, со титула. Па, всушност, да, тој е мојот принц, но ништо повеќе”, рекла таа во една прилика по венчавката.

Нејзиниот татко Ладислав Блатник, кој инаку е роден во Словенија, се преселил во Венецуела од Кралството Југославија, а извесно време бил во врска со холивудската актерка Натали Вуд.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalie Wood (@nataliewood)

Поврзани содржини