ГРЧКИОТ ПИЛОТ КОЈ СИ ЈА ЗАДУШИ СОПРУГАТА ПРОБУВА ДА СИ ЈА НАМАЛИ КАЗНАТА Ја давел Керолин цели пет минути, за девојчето ќе се грижи дедото
Пилотот ја уби сопругата Керолин во 2021 година која тогаш имала 19 години, а покрај нејзе било 11-месечното женско бебе Лидија кое плачело. Според судската медицина, гушењето на Керолин траело повеќе од пет минути.
Трет пат му се одложува судското рочиште на грчкиот пилот кој ја задуши сопругата на спиење, а го уби и нивното милениче. Бабис Анагностопулос го привлече вниманието на западните медиуми со својот случај. Тој на Апелациониот суд во Атина му рекол дека му треба повеќе време да се подготви за судењето, а дека неговиот адвокат е во болница и не може да го застапува, пишува НешнлХералд.
Грчкиот пилот, кој беше опишан како нарцисоиден психопат веќе отслужува 27-годишна затворска казна, но неговиот адвокат изјави дека може да му ја ублажи со тоа што ќе докаже дека убиството било без предумисла.
Пилотот ја уби сопругата Керолин во 2021 година која тогаш имала 19 години, а покрај нејзе било 11-месечното женско бебе Лидија кое плачело. Според судската медицина, гушењето на Керолин траело повеќе од пет минути.
– Кога обвинетиот се одврзал, седнал на креветот и почнал да ја допира жената.. ја турнал и ја прашал „душо, добро си? – им рече еден од полицајците на судиите за време на неговото судење минатата година.
Полицијата ја пронашла претепана и со модринки на креветот. Кученцето Рокси висело над оградата во луксузната атинска населба Шеќерни води (Глика Нера).
На пилотот му требаа шест недели за да го признае делото. Тој тоа го направил во испрашување кое траело цели осум часа.
Таткото на Керолин, Дејвид Крауч, за Гардијан изјави дека не му останува ништо друго освен да се грижи за внуката Лидија и тоа да го стори на Филипините, а да го продаде својот имот на грчкиот остров Алонисос „со голема тага“.
79-годишниот дедо смета дека неговата ќерка била убиена од пилотот, неговиот зет, бидејќи Анаганостопулос се вмешал во шверц со дрога. Тој раскажува дека зет му бил неверојатно мирен моменти по убиството.
– Изгледаше дека е во шок, но беше и неверојатно мирен. Ме замоли да му го дадам детето да го гушне – додаде тој.
Девојчето Лидија е веќе на Филипините со сопругата на дедото Крауч.
Дедото Дејвид Крауч бил роден во Ливерпул, а работел и во Атина. Пилотот Анагнастопулос бил обучуван да лета хеликоптери во Велика Британија, а жена му Керолин е родена во Британија. Дедото Крауч го доби старателството над Лидија.
Убиството на Керолин ја шокираше Грција, но и Велика Британија. Тоа беше меѓу десетици убиства на жени во 2021 година.
Анагностопулос лежеше во озлогласениот затвор Маландринос.
– Бабиш работи во затворската менза. Неговото однесување е примерно – изјавил неговиот адвокат.
Се верува дека убиецот на сопругата со месеци се подготвувал за сослушување во Апелациониот суд.
Најчудното е можеби што додека е во затвор, Анагнастопулос добил цели вреќи со „љубовни“ писма од „обожавателки“ во Грција, пишуваат некои од грчките медиуми.