Грчки Олимпијакос тргнува по Стефан Ристовски
Според медиумите од Грција, тренерот на Олимпијакос, Педро Мартинс, верува дека со Ристовски ќе добиде долгорочно решение за деснобековската позиција во одбраната.
Спортинг Лисабон очигледно нема намера да го врати Стефан Ристовски во првиот тим, а оваа ситуација ќе се обиде да ја искористи грчки Олимпијакос кој во репрезентативецот на Македонија гледа сериозно засилување во одбраната.
Според медиумите од Грција, тренерот на Олимпијакос, Педро Мартинс, верува дека со Ристовски ќе добиде долгорочно решение за деснобековската позиција во одбраната.