Грчки инфектолог тврди дека ковид-19 предизвикува мозочен удар

Тој посочил дека околу 15 проценти од заразените пациенти кои развиваат потешки симптоми од коронавирусот, можат да имаат невролошки оштетувања предизвикани од заразата.

1,692





Проблемите со намалувањето на кислородот во мозокот може да влијаат врз неговата функционалност

Сотириос Циодрас Грчки инфектолог

Освен високата температура, сувата кашлица и тешкотии во дишењето, некои заразени пациенти со ковид-19 развиваат и дисфункција на менталниот капациет, како што е летаргијата, епилепсијата, па дури и мозочниот удар. Ова на прес-конференција пред грчката јавност го истакнал инфектологот и првиот човек на кризниот штаб во Грција, Сотириос Циодрас.

Тој посочил дека околу 15 проценти од заразените пациенти кои развиваат потешки симптоми од коронавирусот, можат да имаат невролошки оштетувања предизвикани од заразата.

– Коронавирусот по сè изгледа го погодува мозокот и нервниот систем кај 15 проценти од потешко болните пациенти. Познато ни беше дека ковид-19 може да го зафати мозокот и да предизвика воспаление, а проблемите со намалувањето на кислородот во мозокот може да влијаат врз неговата функционалност. Слични случаи забележавме и кај дел од пациентите кои се заразиле со сезонскиот грип – истакнал Циодрас.

Поврзани содржини