Грчки хирург цинично им честиташе на македонските колеги за првата трансплантација на срце (ФОТО)

За успешноста во операцијата на Фејсбук се пофали д-р Јовев, а под неговиот статус осамнаа бројни пофалби и честитки. Но, таму можеше да се забележи и еден циничен коментар од еден негов колега од Грција.

4,430

По петочната шестчасовна операција на Клиниката за кардиохирургија во Скопје беше извршена првата трансплантација на срце во земјава. Операцијата беше изведена под водство на д-р Сашко Јовев, заедно со д-р Жан Митрев, како и со цел тим кардиохирурзи.

За успешноста во операцијата на Фејсбук се пофали д-р Јовев, а под неговиот статус осамнаа бројни пофалби и честитки. Но, таму можеше да се забележи и еден циничен коментар од еден негов колега од Грција.






Статусот на Јовев беше напишан на англиски јазик и гласеше: „Ја направивме првата трансплантација на срце во земјава. Среќни сме и горди“.

На ова, грчкиот хирург Василеос Вугас, исто така на англиски јазик, напишал: „Честитки! Веројатно мислите во Северна Македонија – Скопје. Затоа што во Македонија (Солун), првата трансплантација на срце ја извршивме пред многу години“.

Поврзани содржини
na