ГРЧКАТА ВЛАДА СО ВРЕМЕ ГИ СОВЕТУВА СВОИТЕ ГРАЃАНИ Како безбедно да се вратите од одмор ВИДЕО
Една седмица немаме контакт со ранливи категории. Дополнително сме внимателни со невакцинираните роднини или пријатели за да не ги ставиме во опасност. Ги почитуваме мерките и се вакцинираме - е пораката од грчката Влада до граѓаните.
Совети и упатства за безбедно враќање од летните одмори и спречување на дополнително ширење на коронавирусот, содржи новото видео на грчката Влада објавено на социјалните мрежи, кое меѓу другото, порачува граѓаните да се тестираат, да ги почитуваат мерките и да се вакцинираат, јави дописничката на МИА од Атина.
– На одмор бевме во контакт со многу луѓе. При враќањето не забораваме. Се тестираме со селф тест пред враќањето, а за поголема безбедност се тестираме повторно по неколку дена. Една седмица немаме контакт со ранливи категории. Дополнително сме внимателни со невакцинираните роднини или пријатели за да не ги ставиме во опасност. Ги почитуваме мерките и се вакцинираме – е пораката од грчката Влада до граѓаните.
Видеото завршува со апелот невакцинираните да закажат термин и уште следниот ден да се имунизираат.
&
Επιστρέφοντας από τις διακοπές προσέχουμε περισσότερο. Κάνουμε self test και για μία εβδομάδα δεν ερχόμαστε σε στενή επαφή με ευπαθείς ομάδες, ειδικά εάν δεν έχουν εμβολιαστεί. Και εμβολιαζόμαστε!
Κλείστε ραντεβού, προστατεύστε τον εαυτό σας. https://t.co/pinPSI0787 pic.twitter.com/b17aCIAPJn
— Ελληνική Κυβέρνηση (@govgr) August 17, 2021
;