ГРЧКАТА СТРАЖА ПУКАЛА НА ТУРСКИ БРОД? Видео од истрелите ги скара Атина и Анкара

Додека турската страна обвинува дека бродот бил погоден со неколку куршуми од мало оружје како што се гледа на видеото, грчката страна обвинува дека куршумите биле испукани во воздух како предупредување, откако бродот не одговорил на повиците да се оддалечи од грките територијални води кај Лезбос во кои навлегол.

1,569

Турски товарен брод во саботата се судри со патрола на грчката крајбрежна стража кај турскиот брег на Егејското Море, при што двете земји дадоа спротивставени извештаи за инцидентот, пишува РТ. Турските медиуми објавија видео снимено од екипажот на бродот во кое се прикажани дупки од куршуми во прозорците и на самиот брод, направени од мало оружје.

Според турската страна, бродот „Анадолија“ под знамето на Коморите претрпел помала штета од грчко огнено оружје. Грчката крајбрежна стража, сепак, инсистира на тоа дека кон пловилото биле испукани само предупредувачки истрели.

 






Според турското Министерство за внатрешни работи, товарниот брод бил „малтретиран“ од грчката крајбрежна стража додека пловел кај турскиот остров Бозџада во меѓународни води. Два брода на турската крајбрежна стража биле испратени да му помогнат на „Анадолија“, но грчкиот брод ја напуштил областа откако ги открил бродовите што се приближувале, тврди Министерството.

Грчката приказна е различна. Според грчката крајбрежна стража, сепак, бродот „Анадолија“ бил забележан како се движи „сомнително“ во домашните води на земјата северозападно од Лезбос, голем грчки остров лоциран во близина на турскиот брег.

Крајбрежната стража наводно стапила во контакт со „Анадолија“, повикувајќи ја да го промени својот курс и да ги напушти грчките територијални води. Бродот ги игнорирал повиците па биле испукани предупредувачки истрели „во безбедна област“ , ​​тврди грчката страна.

Бродот не застанал, дури и додека бил под оган за на крајот избегал во турските територијални води, тврди грчката крајбрежна стража.

Поврзани содржини