Странски државјанин кој во неговиот автомобил пренесувал 12 нелегални мигранти, меѓу кои и три деца, бил уапсен во близина на границата со Северна Македонија, со намера нелегално да ја напуштат Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Како соопштија од грчката полиција, во близина на грчкиот град Пела возачот на возилото не застанал на знакот на полицајците и ја зголемил брзината за да избега, но бил фатен и уапсен, по што биле откриени мигрантите, а намерата била, преку нелегален премин да ги изнесе од Грција.
Грчката полиција го конфискувала возилото, а уапсениот бил изнесен пред јавен обвинител.