ГРЧКАТА ПОЛИЦИЈА НЕ ПРОСТУВА Еве колку чинат казните за сообраќајни прекршоци

Законот предвидува дека за непрописно паркирање освен парична казна и вадење на табличките, може да следува и одземање на возачката дозвола до 10 дена и сообраќајната дозвола до 20 дена.

254

 

Летувањето во Грција за многумина знае да се претвори во вистинска мака – не поради морето или сместувањето, туку поради строгите сообраќајни правила што важат таму.






Секоја година дел од туристите остануваат без регистарски таблички, па дури и без возачка дозвола. Наместо деновите да ги поминат на плажа, завршуваат по полициски станици молејќи да си ги добијат документите назад.

Српскиот адвокат Владимир Милијевиќ за Мондо објаснува дека во Грција казните се движат од 100 до 1.000 евра, зависно од прекршокот, а постои и можност полицијата да ја одземе и сообраќајната или возачката дозвола.

Така, неодамна една Србинка во Солун поради непрописно паркирање останала без таблички и добила казна од 150 евра.

Кои прекршоци носат вакви последици?

Милијевиќ вели дека непрописното паркирање е најчестиот, но не и единствениот проблем.

– Во Грција речиси за секое прекршување на правилата може да бидете сериозно казнети. Тоа вклучува претекнување преку полна линија, возење со поголема брзина од дозволеното, па дури и преминување на црвено светло на семафор – појаснува тој.

Законот предвидува дека за непрописно паркирање освен парична казна и вадење на табличките, може да следува и одземање на возачката дозвола до 10 дена и сообраќајната дозвола до 20 дена.

Во пракса, полициските командири знаат да бидат и пофлексибилни – некогаш документите ги враќаат веднаш по плаќање на казната или следниот ден, а некогаш целосно го искористуваат рокот од 20 дена.

Доколку не бидат вратени на лице место, по истекот на рокот полицијата ги праќа табличките во конзулатот, а оттаму тие стигнуваат до домашната адреса на сопственикот.

Висината на казните

  • Возење под дејство на алкохол: 78 – 1.200 евра
  • Брзо возење во населено место (до 20 км/ч повеќе): 100 евра
  • Преминување на црвено светло и претекнување на полна линија: 700 евра
  • Некористење безбедносен појас: 350 евра
  • Непрописно паркирање: 40 – 80 евра
  • Користење мобилен телефон за време на возење: 100 евра
  • Пушење во автомобил ако има дете под 12 години: 1.500 евра + одземање на возачка дозвола

Иако дел од овие казни изгледаат драстично, грчките власти строго инсистираат на нивното спроведување – нешто што за туристите понекогаш знае да ја расипе целата летна авантура.

Поврзани содржини