ГРЧКАТА АМБАСАДОРКА ЈА НАПУШТИ ИНАУГУРАЦИЈАТА Филипиду демонстративно си замина бидејќи Силјановска Давкова не кажа „северна“

Филипиду која седеше помеѓу американската амбасадорка Агелер и холандскиот амбасадор Коп веднаш до излезот од галеријата – при првото изоставување на уставното име, стана и среде заклетвата излезе.

1,104

Грчката амбсадорка во Скопје Софија Филипиду ја напушти собраниската галерија додека траеше заклетвата на новиот претседател Гордана Силјановска Давкова откако Давкова употреби Македонија наместо уставното име.

Филипиду која седеше помеѓу американската амбасадорка Агелер и холандскиот амбасадор Коп веднаш до излезот од галеријата – при првото изоставување на уставното име, стана и среде заклетвата излезе.






Агелер која беше до неа се вртеше додека холандскиот амбасадор Коп на нечие прашање од дипломатски колега во галеријата, ги креваше рацете и се вртеше кон вратата. Агелер потоа седна на местото на Филипиду.

Поврзани содржини