ГРЧЕЦ КАКО ДИВИОТ ЗАПАД Четири лица грабнале човек, го тепале и му се заканувале со оружје барајќи да врати наводен долг
Грабнувачите го однеле 46-годишниот човек во куќа во с.Грчец и физички го нападнале барајќи да врати наводен долг, по што му одзеле 500 евра.
46-годишник од село Шемшево во полиција пријавил дека четири лица вчера насилно го внеле во автомобил, му се заканувале со оружје и физички го малтретирале барајќи да врати наводел долг.
„На 09.04.2024 во 23.50 часот М.М.(46) од с.Шемшово пријавил дека околу 13.45 часот четири лица насилно го внеле во патничко возило и му се заканиле со огнено оружје.
Потоа го однеле во куќа во с.Грчец и физички го нападнале барајќи му да врати наводен долг, по што му одзеле 500 евра.
Околу 21.00 часот со возило го оставиле во с.Добарце. Се преземаат мерки за расчистување на случајо“ – известуваат од МВР.