ГРАШО НА ВЕНЧАВКАТА ГО ОТКРИЛ ПОЛОТ НА БЕБЕТО Пејачот никогаш не бил посреќен
Петар и Хана се венчаа на 19 февруари. Бремената Хана планира да се породи во Сплит.
За свадбата на Хана Хуљиќ и Петар Грашо ќе се зборува со недели, бидејќи на социјалните мрежи од ден на ден се откриваат нови детали. Тој ден особено ќе го памети Петар, кој не можел да ги задржи солзите кога на крајот од церемонијата хорот со Лорена Буќан ја запеал неговата омилена песна од „Битлси“ „All You Need Is Love“.
„Испадна навистина одлично и со хорот и со трубите, гитарата и електричните виолини, виолините, баш беше супер. Се расплакавме и јас и таа и Петар и баш беше супер. Целата црква се крена на нозе, беше супер. Немав трема, повеќе бев возбудена бидејќи не знаев какви ќе бидат нивните реакции“, изјавила Лорена Буќан.
А, многумина се разнежниле и кога Грашо, заблагодарувајќи им се на сите што дошле, на општо изненадување на сите гости, го открил полот на бебето. Како што дознава хрватски РТЛ Ексклузив, на почетокот на јули во нивното семејство пристигнува мало девојче. Името сѐ уште не е познато, иако не е лесно да се чува оваа тајна.
Свадбата заврши, но фокусот сѐ уште е на нив, бидејќи се приближува доаѓањето на малото девојче, поради кое го одложиле нивниот меден месец.
Хана и Петар ќе живеат во неговиот стан во Сплит бидејќи младата музичарка таму планира да се породи.