Границите на Турција со Бугарија и Грција се затворени за патници
Нема забрана за превоз на товар преку гранични премини.
Турција ги затвори граничните премини со Бугарија и Грција за преминување на патници,како мерка за борба против ширењето на коронавирусот, јави турскиот телевизиски канал НТВ.
Нема забрана за превоз на товар преку гранични премини.
Запрен е поморскиот превоз на патници во двата правци меѓу Турција и копното на Грција и грчките острови.
Почнувајќи од денеска во 00.00 часот, нема да биде дозволен влез на грчки и бугарски граѓани кои сакаат да влезат во Турција, како и државјани на трети земји кои престојувале во овие земји во последните 14 дена.