ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ Е ЗАТВОРЕН ЗА СИТЕ ВОЗИЛА Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информира АМСМ.

404

Од 17 часот сообраќајот на грчкиот граничен премин Евзони е во прекин за секаков тип на возила, информира Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.






АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Поврзани содржини