Вечерва нешто по 20 часот отворен за сообраќај е граничниот премин „Богородица“, што беше затворен откако попладнево во негова близина избувна пожар, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Поради активноста и дејството на пожарникарите од електрична енергија беше исклучен објектот на ГП „Богородица“ и преминот времено беше затворен за сообраќај заради безбедност на патниците и за да се овозможи простор за дејство на пожарникарите, откако пожарот се доближи до објектот на граничната караула на АРМ, до казиното „Фламинго“ и до бензинската пумпа „Шимов“, што беше и најопасниот и најкритичниот момент од денешниот пожар во пограничниот појас на Гевгелиско.