„ГРАНДЕ ПАНДЕВ“ НА ЧЕКОР ДО РЕКОРД Струмичанецот блиску до историја во Серија А

За да успее да дојде до бројката од 500 настапи, Пандев ќе мора барем 90% од натпреварите до крајот на сезоната да ги одигра, без разлика дали во првите 11 или ќе стартува од клупа.

1,439

Поранешниот капитен на Македонија, Горан Пандев уште еднаш потврдува дека е големо име во светот на фудбалот, а особено во Италија.

Имено, „Гранде Пандев“ е блиску до бројката 500 настапи во Серија А, што е фантастична бројка и голема желба на повеќе фудбалери, но само најголемите го имаат тоа постигнување во спортското Си-Ви.






Горан Пандев во рамки на Серија А, настапувајќи за повеќе клубови, има 475 официјални настапи, а му недостасуваат уште 25 за да дојде до магичната бројка од 500 настапи.

Од актуелните фудбалери кои сè уште се натпреваруваат во Серија А, пред Пандев се само Самир Хандановиќ со 517 и Фабио Кваљарела со 502, додека зад Македонецот се Џорџо Кјелини со 410, Андреа Консињи со 405, Антонио Кандрева со 399, Леонардо Бонучи со 393, Лоренцо Де Силвестри со 373, Стефан Раду со 338 и Јосип Иличиќ во Топ 10 со 321 настап.

За да успее да дојде до бројката од 500 настапи, Пандев ќе мора барем 90% од натпреварите до крајот на сезоната да ги одигра, без разлика дали во првите 11 или ќе стартува од клупа.

Поврзани содржини