ГРАНАТИ ПАЃААТ ВРЗ ЕРУСАЛИМ И ТЕЛ АВИВ! Одекнуваат сирени, има повредени
Неколку луѓе во Ерусалим се повредени од „директен ракетен напад“, соопшти израелската итна помош. Вооруженото крило на Хамас потврди дека истрелало ракети кон Ерусалим како одговор на бомбардирањето на цивилни домови.
Сирените се огласуваат низ Ерусалим и Тел Авив во моментов, јавија локалните израелски медиуми. Регистрирани се серија детонации веднаш по активирањето на сирените.
Вооруженото крило на Хамас потврди дека истрелало ракети кон Ерусалим како одговор на бомбардирањето на цивилни домови.
Неколку луѓе во Ерусалим се повредени од „директен ракетен напад“, соопшти израелската итна помош.
Волонтерите на Обединетите Хацалах моментално лекуваат едно лице повредено во близина на Ерусалим, кое е во сериозна состојба како резултат на повреди здобиени од директен ракетен удар, се наведува во соопштението.
Дополнително, се лекуваат и неколку други лица кои беа повредени во директен ракетен напад во град јужно од Ерусалим.
Претходно израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека Израел ќе се одмазди за разорниот напад на Хамас и притоа ќе го трансформира Блискиот исток.
– Знам дека поминавте низ тешки, ужасни работи. Она низ што ќе помине Хамас ќе биде тешко и страшно – ние веќе сме среде битка, а само што започнавме. Нацијата ќе го преврти секој камен за да ви помогне на сите. Ве молам да застанете цврсто затоа што ќе го промениме Блискиот Исток – рече Натанјаху, обраќајќи им се на градоначалниците од југот на земјата.
Од безбедносни причини Израел го прекина производството на гасното поле Тамар во близина на својот јужен брег и најави дека ќе бара алтернативни извори на гориво за да ги задоволи потребите за енергија.