ГРАНАТА ПОГОДИ СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО КИЕВ Има и мртви (ВИДЕО)

Државната служба за вонредни состојби претходно соопшти дека руска артилериска граната погодила деветкатница и оштетила неколку станови. Погодениот станбен блок се наоѓа во областа Оболон во Киев

259

Најмалку 2 лица загинаа, а над три се повредени во руски ракетен напад што утрово нешто пред 6 часот погоди станбена зграда во Киев. Првите бројки за загинатите и ранетите ги потврди советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко, пренесува „Киев Индепендент“.

 






Државната служба за вонредни состојби претходно соопшти дека руска артилериска граната погодила деветкатница и оштетила неколку станови. Погодениот станбен блок се наоѓа во областа Оболон во Киев.

„Киев Индипендент“ пишува дека во моментов гори станбената зграда, а пожарникарите работат на гаснење на пожарот.

Украинската служба за итни случаи објави фотографии и снимки од пожарот, додавајќи дека дојавата ја добиле нешто по 5 часот. Киев Индипендент пишува дека спасувачите веднаш почнале со евакуација и гаснење на пожарот.

Поврзани содржини