ГРАФИТОТ СО РАТКО МЛАДИЌ ОБОЕН СО ЦРНО, ПА ИСЧИСТЕН Млади луѓе го „поправија“ за 10 минути (ВИДЕО)
Во саботата, на Цветниот плоштад во Белград се одржа протест „Муралот мора да падне“, организиран од неколку граѓански организации. На плоштадот се собраа граѓански активисти, но и група десничари, меѓу кои и полицијата. Но, планираната прошетка до Његошева беше откажана поради безбедносни причини.
Непознато лице фрлило црна боја на графитот на Ратко Младиќ во улицата Његошева во Белград, jавува Мондо. Но набрзо, неколку момци дојдоа да ја исчистат црната боја од муралот. Според репортерот на Н1, не било забележано присуство на припадници на полицијата – ниту во униформи, ниту во цивилна облека.
Графитот, или мурал, како што се нарекува, им задава главоболка и на полицијата, но и на властите, а граѓаните се поделени. Тој веќе еднаш беше избелен со боја, а сега беше оцрнет но, само околу 10 минути. Да потсетиме, по најавата на Младинската иницијатива за човекови права дека ќе слика мурал посветен на Ратко Младиќ, српското МВР ја забрани таа акција.
Неодамна, активистките Аида Ѓоровиќ и Јелена Јаќимовиќ беа приведени откако фрлија неколку јајца на муралот на Ратко Младиќ, а еден ден подоцна Ѓорѓо Жујовиќ од Социјалдемократската партија на Србија фрли вар и така го избели муралот.

После тоа, група млади луѓе ја испрале варта од муралот и оттогаш ја „чуваат“.