Градските власти на Лунд на интересен начин ќе го спречат собирањето во градскиот парк
Но, градските власти оваа година сакаат да ги обесхрабрат жителите да се соберат на оваа прослава поради пандемијата на коронавирусот.
Властите во шведскиот град Лунд ќе расфрлат пилешко ѓубриво околу главниот парк во градот, обидувајќи се да ги обесхрабрат жителите да се соберат за да ја одбележат ноќта на Валпургис.
Десетици илјади луѓе обично се собираат во Лунд за да ја прослават ноќта на Валпургис, која традиционално се прославува низ Скандинавија, пренесува „ВВС“.
Но, градските власти оваа година сакаат да ги обесхрабрат жителите да се соберат на оваа прослава поради пандемијата на коронавирусот.
Шведска не воспостави ограничувања за движење и собирања, а податоците досега укажуваат дека повеќето Швеѓани се одговорни и дека се придржуваат кон правилата за физичко дистанцирање.
– Но, Лунд во последниот ден од април може многу лесно да стане центар за ширење на коронавирусот – рече Густ Лундбад, претседател на локалниот комитет за животна средина.
Оправдувајќи ја одлуката на градските власти да распрснат тони пилешко ѓубриво низ целиот парк, Лундблад објасни – Ние сме во можност да ги наѓубриме тревниците во паркот, а во исто време ѓубривото ќе мириса, затоа на потенцијалните посетители нема да им бидат удобно да седат таму и да пијат пиво.