„ГРАДОТ УБАВ ВЕ КАНИ СИТЕ“ Пречек на Нова Година на плоштадот „Македонија“ со македонска музика и без огномет

На градскиот плоштад во Скопје, утре ќе биде организирана целодневна забава за сите генерации со познати домашни изведувачи, а средствата за огномет ќе бидат пренасочени кон хуманитарни цели, информираат од Град Скопје.

986

За пречекот на Нова година на градскиот плоштад „Македонија“ ќе настапат македонски музичари, информираа од Град Скопје. На градскиот плоштад во Скопје, утре ќе биде организирана целодневна забава за сите генерации со познати домашни изведувачи.

„Градот Скопје заедно со Комората на музичката индустрија за пречекот на Новата 2024 година организира целодневна забава за сите герерации на градскиот плоштад во Скопје со исклучиво домашни изведувачи меѓу кои Тин Камп, Скопје Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Душко Георгиевски и Блага Петреска.






Градските власти информираа дека средствата за огномет ќе бидат пренасочени за хуманитарни цели.

– Новата Година треба да биде надеж за подобро утре за сите. Затоа, оваа година средствата наместо за огномет повторно се пренасочени кон хуманитарни цели. Со тоа продолжуваме со поддршка на сите хуманитарни, граѓански и невладини организации со надеж дека ќе успееме да направиме новата 2024 година да донесе нова надеж кај сите граѓани – соопштија од Град Скопје.

Под мотото „Градот убав ве кани сите“, на 25 декември 2023 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје почнаа предновогодишните  настани насловени „Празнична приказна“, во организација на Град Скопје и Комората на музичката индустрија.

Поврзани содржини