ГРАДОТ УБАВ ПАК ЌЕ НИКНЕ… Реконструкцијата на опожарената Универзална сала ќе продолжи, најави министерката за култура
По завршувањето на истрагата за пожарот, градежните активности ќе продолжат и Универзална сала ќе се изгради и ќе биде вратена на скопјани, најави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, најави дека реконстронструкцијата на Универзалната сала во Скопје која изгоре до темел во пожарот што ја зафти пред два дена, ќе продолжи по завршувањето на истрагата за пожарот. Костадиновска-Стојчевска истакнува дека Министерството за култура ги чека наодите од Јавното обвинителство, од Министерството за внатрешни работи, од Државниот инспекторат за труд, и упати апел да не се шират шпекулации до официјалните информации за причините и штетите од пожарот.
– Едно сакам да ја уверам македонската јавност, дека после завршувањето на овој процес, градежните активности ќе продолжат и Универзална сала ќе се изгради и ќе биде вратена на скопјани – рече министерката за култура, додавајќи дека она што се случи во Универзалана сала за жал е една девастирачка слика за сите.
Костадиновска-Стојчевска, одговарајќи на новинарско прашање изрази жалење за настаната ситуација, и посочи дека Министерството за култура „помина двегодишен процес на убедување со Град Скопје за градската управа да ја препознае важноста на објектот, да не биде оставен на забот на времето, да не ги претрпи атмосферските промени што ги претрпе“.
– Она што го предвидовме преку Информацијата на Влада е дека финализацијата на реновирањето на објектот е крајот на 2027 година. Меѓутоа, се надевам дека тој процес ќе биде забрзан затоа што Универзална сала, како што кажуваме од самиот почеток, и тоа како е потребна – истакнува министерката за култура. која Костадиновска-Стојчевска соопшти дека по добивањето на сите релевантни наоди, ќе може да се продолжи со градење, Министерството за култура ќе продолжи со активностите со цел запазување на зацртаниот рок, Универзална сала да биде вратена назад на граѓаните.