📽 ГРАДОТ НАТРУПА „СНЕЖНА“ ПОКРИВКА ВО ГЕВГЕЛИСКО Се очекува врнежите да продолжат и попладнево

Дополнително ќе се прават премсетки за предизвиканата евентуална штета на земјоделските култури.

2,533

Невреме проследено со град утрово го зафати село Ѓавото во општина Богданци. Силно невреме имало и во други гевгелиски села. Нестабилноста се очекува да продолжи и во попладневните часови, не е исклучена можноста за ретка појава на ситен град.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб локален дожд. За време на викендот ќе започне да дува јужен ветер и дневната температура ќе биде во пораст. Нестабилно време со нови поинтензивни врнежи проследени со грмежи се очекува во почетокот на следната седмица.






Силно невреме проследено со град доцна претпладнево го зафати регионот на Гевгелија. Според фотографиите кои може да се најдат на социјалните мрежи, во Мрзенци целата земја е прекриена со мраз од интензивните врнежи на град. Дополнително ќе се прават премсетки за предизвиканата евентуална штета на земјоделските култури.

Метеопрогнозерот Славчо Поповски објави видео на кое се гледа како градот формира бела покривка во Гевгелиско:

Поврзани содржини