ГРАДОТ ИЗГЛАСА СРЕДСТВАТА ЗА ЈСП ДА ЛЕГНАТ НАЈДОЦНА ДО ПЕТОК Со 24 „за“ заврши бурната седница
Додека се чека реакцијата на синдикатот по ваквата одлука, опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека на гласањето против гласале „коалицијата СДС, едното крило на ДУИ и Арсовска“. Следната седницата на собранието на град Скопје е закажана за 14 часот во петок.
Заврши бурната вонредна седница на Советот на Град Скопје по повод штрајкот на ЈСП. Со 24 гласови „за“ и ниту еден против ни воздржан беше изгласана одлуката на ЈСП да му се прераспределат средствата најдоцна до 12 часот во петок 21 октомври, а истиот ден во 14 часот закажана е нова седница наградот.
– Доколку добиеме предлог-одлука за прераспределба на средства за помош на ЈСП и пред тој рок, ќе бидете известени за нова вонредна седница уште во текот на утрешниот ден – рече претседавачот со Советот, Трајко Славески.
Додека се чека реакцијата на синдикатот по ваквата одлука, опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Данела Арсовска е во коалиција со СДСМ и со ДУИ.