Градот ги замени запалените контејнери кај Буњаковец

Вчера запалените контејнери на Партизанска кај Буњаковец, утрово се заменети со нови - објави Шилегов.

474

Вчера кај ТЦ Буњаковец за време на полицискиот час беа запалени контејнери, кои за брзо време беа изгаснати. Утрово запалените контејнери на булеварот „Партизански одреди“, Градот ги замени со нови.

– Вчера запалените контејнери на Партизанска кај Буњаковец, утрово се заменети со нови. Вандализмот над општото добро, никому не носи добро. Да го чуваме градскиот имот заедно – напиша на својот Фејсбук профил, градоначалникот Петре Шилегов.






Поврзани содржини